
Ви треба само една работа
Веројатно барем еднаш ви се случило да немате доволно место на жицата за сите алишта што сте ги испрале. Ова може да биде многу иритирачко, а проблемот е почест кај луѓето кои живеат во стан и едноставно немаат доволно простор.
Ако и вас ве мачи овој проблем, постои решение. Како и за многу други корисни работи, TikTok има решение. Во последно време на оваа социјална мрежа имаме можност да видиме различни трикови и совети, а меѓу нив е и овој.
– Дали уште некој го прави ова? Ги ставам сите предмети на закачалки, а потоа ставам штипки меѓу нив за да не се лизгаат закачалките и да има доволно простор меѓу облеката – изјавила корисничката @capricesmum, во нејзиното видео.
„Каква фантастична идеја! Веднаш ќе пробам“, „Одамна не сум видела толку добар трик за домашна работа“, беа само дел од коментарите.
Видеото може да го погледнете ТУКА.