
Ефикасно ја ублажува болката
Како што минуваат годините, зглобовите слабеат, па голем број постари лица се жалат на болки во овој дел од телото, кои можат значително да го попречат движењето.
Вкочанетоста и болката во зглобовите се вообичаени симптоми на разни видови артритис, а еден зачин кој веројатно веќе го имате во вашата кујна е состојка во народниот лек кој нашите предци го користеле кога го имале овој проблем.
Ловорот се издвојува по своите лековити својства, поради што има широка примена во народната медицина. Еден од ефектите е тоа што помага при болки.

Треба да го користите како масло, односно да го намачкате на кожата. На овој начин ловорот може да го ублажи воспалението кое ве мачи.
Ловоровото масло е ефикасно и кога станува збор за други болки, како оние предизвикани од проширени вени, болки во мускулите или главоболки. Се прави сосема едноставно. Само натопете неколку ловорови листови во маслиново масло и оставете ги на темно место да одстојат.
Покрај маслото, можете да користите и чај од ловор, односно облоги натопени во него. Чајот се подготвува едноставно. Само натопете пет до шест листови во врела вода и оставете да отстои околу еден час.
Во овој чај натопете ги компресите од газа, исцедете ги и ставете ги на болната област. Постапката повторете ја два до три пати на ден.