Ријана непрепознатлива во прошетка: Ја критикуваа поради облекувањето во бременоста, а сега реши целосно да се смени (ФОТО)

popara13 август, 20221min00
aa3801adc18f4b11bb51df3b70126a634a22da6e

Ријана сега ретко се гледа во јавноста, целото внимание му го посвети на синот

Ријана и нејзиниот партнер АСАП Роки станаа родители на почетокот на мај. По раѓањето на синот, парот целосно се повлече од јавноста и се посвети на детето.

Пејачката го направи своето прво јавно појавување по породувањето во јули на музички фестивал во лондонскиот парк Кристал Палас за да го поддржи своето момче, а сега тие беа забележани на ноќно излегување во Њујорк.

Иако бременоста ја одбележа носејќи ексцентрични парчиња облека кои откриваа многу, што беше критикувано од многумина, сега Ријана е во прилично кежуал стил. Таа носи преголеми фармерки и широка, долга кошула, па многумина не би ја препознале. Стајлингот го заокружи со низа нараквици, синџири и прстени, накит без кој не излегува.

Музичката двојка се уште не го објавила името што го избрале за детето, што е уште еден пример дека држат се во строга тајност.

– Приватноста станува се поважна за парот, за да можат да уживаат во своето мало семејство. Кога беа само тие, често излегуваа и комуницираа со обожавателите. Сега со бебето се позаштитнички настроени. Ретко го оставаат бебето, а поради грижа за неговата безбедност, само сакаат да го држат подалеку од очите на јавноста – изјавил извор за „US Weekly“.