
Авокадото е овошје кое последниве години е многу популарно кај нас, а од него можете да направите разни намази и салати
На авокадото обично му требаат неколку дена за да омекне пред да биде подготвено за сечење и јадење. За среќа, постои едноставен трик за побрзо зреење на авокадото, а се што ви треба е кафена хартиена кеса.

Метод на хартиена кеса
Околу два дена пред да сакате да уживате во авокадото, едноставно ставете го во кафена хартиена кеса и затворете го. Ставете го на работната површина или во шпајзот и оставете времето да си го направи своето. Овој метод е корисен и за други овошја, како праски, манго, сливи, но и за домати. Имајте на ум дека овој трик работи само со кафена хартиена кеса, бидејќи пластичните кеси ќе ја заробат влагата и ќе доведат до раст на мувла.
Авокадото можете да го ставите и во хартиена кеса со банана или јаболко. Затворете ја кесата и чувајте ја на топло место. Кога кората ќе стане потемно зелена и ќе попушти под благ притисок, што обично трае еден до три дена, авокадото е подготвено за јадење. Доколку немате друго овошје при рака, авокадото можете да го ставите во кесичка со неварен ориз.

Како функционира трикот со хартиена кеса?
Зреењето е резултат на ослободување на етилен, гас кој всушност го иницира процесот на гниење на овошјето. Процесите на распаѓање ги прават праската, крушата или авокадото повкусни – тие ќе имаат помек и посладок вкус со помалку киселина, скроб и помеки клеточни ѕидови – но само ако ги извадите во вистинско време, пред да се расипат.