Почина Ен Хек: Ѝ ги исклучија апаратите на познатата холивудска актерка

popara13 август, 20221min00
74th Annual Directors Guild Of America Awards - Arrivals

Актерката Ен Хек (Anne Heche) почина откако денеска ѝ ги исклучија апаратите за одржување во живот, една недела по страшната несреќа во Лос Анџелес во која беше тешко повредена, пренесува Дејли Мејл.

Нејзината смрт ја објави нејзината пријателка Ненси Дејвис, објави Showbiz411.

Актерката (53) по несреќата била во критична состојба и во кома, а била на апарати само за да се одлучи дали некои нејзини органи се погодни за донација, што било претходна желба на самата актерка.