
Денешното темпо на живот носи огромни обврски и ни се чини дека никогаш немаме доволно време за себе. Ноќите ги поминуваме без сон или со многу малку сон, а често се случува да ни е тешко да го протуркаме денот.
Токму поради оваа причина, попладневната дремка е многу неопходна во нашите животи.
Петнаесет минути или час што ги одвојуваме во текот на денот за да ги затвориме очите и малку да се опуштиме нема да ни одземат премногу време (сигурно веќе го трошиме на телевизија или на социјалните мрежи), а ќе значат многу за нашето тело. Во тие 15 до 20 минути ги подобруваме перформансите на мозокот, ја зајакнуваме меморијата и креативноста, а донесувањето одлуки станува полесно. Сето ова води до фактот дека кога си дозволуваме малку време за дремка во текот на денот, всушност завршуваме повеќе и се чувствуваме полесно.
На сите ни е кажано дека човекот е суштество на навики и дека тие се развиваат во нас за 21 ден. Ако имате дремка секој ден три недели во исто време, тоа навистина ќе ви стане навика, што ќе биде одлично за вашето здравје.

Штом ќе стигнете дома, легнете да дремнете. Ќе се изненадите колку поопуштено ќе се чувствувате, помалку под стрес, а вашето срце ќе остане здраво. Од друга страна, по тие три недели, вашето тело ќе побара да спие после работа бидејќи ќе знае дека е време да ја надополни енергијата.
Заспивањето попладне додека сонцето пробива низ прозорецот не е најлесната задача, особено ако сте почувствителни на светлина и ви треба темнина за да заспиете. Навлечете ги завесите или спуштете ги ролетните во спалната соба, или можете да ставите маска за спиење преку очите. Без пречката на дневната светлина, полесно и побрзо ќе заспиете и успешно ќе ја надминете несоницата.
За попладневната дремка навистина да биде кратка дремка, задолжително поставете го алармот во одредено време.