Ова сигурно мачи барем една личност човек од вашата околина: Откриен е НОВ СИМПТОМ на ковид кој може да доведе до погрешна дијагноза

popara13 август, 20221min00
320416_profimedia0054979085_ff

Корона вирусот повторно зема замав и токму кога мислиме дека е готово, нè потсетува дека сè уште е тука.

Животот со пандемија трае долго време, се чини дека заборавивме на времето пред корона, овој пат веќе не ни броиме кој по ред бран пристигнува, но едно е сигурно, бројот на заразените повторно го достигнува својот врв, а се појавуваат нови симптоми.

Се е исто како порано, болки во грлото, температура, кашлица, течење на носот, кивање и се друго што можете да замислите, но еден симптом досега не се појавил, а тоа се болките во грбот. Голем број пациенти се жалат на неподносливи болки во грбот и одат на физиотерапевт, а сето тоа се припишува на нездравиот начин на живот и долгото седење.

– Нема крај на низата симптоми. Луѓето сега се жалат на болки во грлото, кашлица, малаксаност, додека децата имаат и дијареа. Она што е ново е дека болките во грбот сега се појавија како симптом на кој се жалат многу пациенти – изјави д-р Мирсад Џерлек.

Добрата вест е што вирусот засега останува во горниот дел на респираторниот тракт и поминува за неколку дена.

– Во последниот месец имавме толку многу пациенти кои се жалат на некарактеристични болки во грбот, особено болки во трапезните мускули. Сè додека не се дозна дека болките во грбот се нов симптом на ковид, сите тие болки ги припишувавме на денешниот начин на живот. Болката во тој предел, но и во целиот грб се јавува поради предолго седење, неправилно држење и стрес. Со самото појавување на корона вирусот, луѓето се најдоа во многу стресна ситуација, со која не се справуваа сите на ист начин – вели физиотерапевтот Јелена Јовановиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma