Пејачката и актерка е жена кон која се вперени сите погледи каде и да зачекори. Овој пат – во најлежерното и најудобното издание на светот!
Ненадејната венчавка на Џенифер Лопез и Бен Афлек во Лас Вегас ги воодушеви нивните фанови, а потоа со денови мамеа насмевки со прекрасни фотографии од нивниот романтичен меден месец во Париз. Сепак, деновите на бакнежи и галење се зад нив и сега е време за – работа!
Откако медиумите објавија дека парот сега и се враќа на кариерата, папараците ја забележале Џеј Ло во Лос Анџелес додека го напуштала студиото за танцување, во придружба на менаџерот Бени Медина.
Латино дивата за оваа пригода беше облечена спортски и многу лежерно, во стилот кој најмногу и прилега. Во нејзината комбинација на облека доминира црната боја, а Џенифер се одлучи за едноставни црни и длабоки хеланки со долги ногавици и кроп топ со кратки ракави кој го истакна нејзиниот совршено извајан стомак.
Покрај тоа, носеше црни патики за трчање, а целосно црниот аутфит го „зачини“ со многу ефикасен контраст.
Имено, Џеј Ло го надополни целкиот стајлинг со една од омилените чанти. Станува збор за „Book Tote“ од модната куќа Диор, модел со средна големина чија цена е нешто повеќе од 3.000 евра. Џенифер на тој начин ја „скрши“ монохроматската евентуална монотонија со парче во боја на карамела, изработено од ткаенина од јутано платно, кое е украсено со извезениот натпис „L’Union Fait la Force“.
Сè е едноставно и минимално, а толку ефикасно!