
Пушењето во затворена просторија остава непријатен мирис кој останува долго на вашите алишта, завеси и мебел. За да се ослободите од мирисот предизвикан од оваа лоша навика, или барем да се ублажи, обидете се со овие едноставни трикови кои навистина делуваат.
- Оцет или јаглен
Во неколку помали сада ставете малку вински оцет или ставете неколку парчиња активен јаглен и сместете ги во просторијата во која се пушат цигари. Ако имате деца или домашни миленици, садовите ставете ги на повисоки и безбедни места. Јагленот и оцетот ја апсорбира и неутрализира непријатната миризба.
- Парфем
Истурете малку од вашиот омилен парфем по ладна сијалица. Кога ќе се запали светлото и кога сијалицата ќе се загрее, во просторијата ќе се рашири пријатен мирис кој, барем делумно ќе го прикрие димот и смрдеата на цигари.
- Омекнувач за облека
Ако сметате дека вашите модни додатоци како ракавици, капа или шал впиле од мирисот на цигари, а планирате да ги носите во текот на наредниот ден, оставете ги еден час на отворен прозорец, а потоа ставете ги во текот на ноќта во пластична кеса заедно со омекнувач за облека во облик на марамици или мирисни кесички за пракар.
- Песок за мачки
Во пепелник истурете малку обичен, или уште подобро миризлив песок за мачки. Тој целосно ќе го отстрани мирисот на догорчињата од цигари, и прави полесно да се исчисти пепелникот.
- Сода бикарбона
Навечер, пред спиење ставете малку сода бикарбона на тепихот, седечката гарнитура и рабовите на просторијата во која се пушело. Наутро поминете со правосмукалка.
- Пешкир и оцет
Прво проветрете ја просторијата, а потоа пешкир или крпа натопете ја во оцет, и минута до две оставете ја во просторијата. Мирисот на цигари би требало целосно да исчезне.