Мајк Тајсон бесен поради серијата за неговиот живот: „Поради ова ќе летаат глави“

popara13 август, 20221min00
shutterstock1457509331-1-830x0

Боксерот воопшто не е среќен

Наскоро, на 25-ти август, ќе започне да се прикажува серијата „Мајк“, биографска приказна за боксерот Мајк Тајсон. Серијата ќе се прикажува на стриминг платформата „Hulu“, а поранешниот шампион го игра Треванте Роудс, но на Тајсон тоа воопшто не му се допаѓа.

Тој уште еднаш ја обвини платформата дека ја „украле неговата животна приказна“ на социјалните мрежи, додавајќи дека тој не бил вклучен во снимањето, ниту пак добил финансиска компензација за проектот што го прикажува неговиот живот.

Во објава на Инстаграм во саботата напиша.

– „Hulu“ е стриминг верзија на сопственици на робови. Не дозволувајте Хулу да ве измами. Не ја поддржувам приказната за мојот живот. Ова не е 1822. Ова е 2022. Ја украдоа приказната за мојот живот и не ми платија. За директорите на „Hulu“, јас сум само црнец што можат да го продадат на аукција.

Тајсон објави нешто слично на Твитер каде напиша

– Хулу ми ја украде приказната. Тие се Голијат, а јас сум Давид. Поради ова ќе паѓаат глави.

Во следниот твит изјави:

– Моделот по кој Хулу ги краде правата за животни приказни на познати личности е неверојатно алчен.

Еден ден претходно, Тајсон објави на социјалните мрежи дека Хулу му понудиле на претседателот на УФЦ, Дени Вајт, милиони за да ја промовира серијата.

– Тој одби затоа што го почитува пријателството и се однесува достоинствено со луѓето.

Тајсон зборуваше слично за серијата во февруари 2021 година, кога за прв пат беше објавено дека ќе се снима. Тој, пак, е вклучен во снимањето на уште една серија за неговиот живот во режија на Антоан Фуква, а главната улога ја игра Џејми Фокс.

За време на промоцијата на серијата одржана на почетокот на месецот, извршниот продуцент на серијата Стивен Роџерс и главниот писател Карин Гист изјавија дека немаат намера да го прикажат Тајсон ниту како херој, ниту како негативец.

– Сакавме само да раскажеме непристрасна приказна и да оставиме публиката да одлучи што ќе мисли или чувствува – рече Гист.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma