
Мадона има 63 години и ретко зборува за своето семејство. Таа има шест деца, а сега штотуку откри неколку детали за нејзиниот шеснаесетгодишен син Дејвид Банда, кого го посвои од сиропиталиште во Малави.

“Тој може да носи секаква облека и да изгледа елегантно. Навистина е иритирачки. Тој ја носи мојата облека и изгледа подобро во нив. Дури и во фустан изгледа мажествено”, изјави Мадона на Џими Фалон во “The Tonight Show”.
Мадона често споделува заеднички фотографии со својот син, па не и беше проблем да сподели фотографија од него во фустан.