
Направете сами маска против брчки, по рецептот на една од најубавите жени на сите времиња
Софија Лорен е италијанска актерка која важи за една од најубавите жени во светот. И во деветтата деценија сè уште мами воздишки.
За својата кожа почнала да се грижи навреме, уште од рана возраст. Нејзиниот рецепт за маска за лице воодушеви многу припаднички на понежниот пол. Станува збор за комбинација од состојки кои ги имате во вашата кујна, а кои помагаат да се забави стареењето на кожата, да се врати свежиот изглед и да се намали видливоста на брчките.
Состојки:
желатин
маслиново масло
млеко
мед
суво бело вино
Подготовка:
Разредете една лажица желатин во 100 мл загреано млеко за подобро да се раствори желатинот. Добро измешајте, а потоа ставете ја смесата во фрижидер 6 часа.
После тоа, во смесата додадете една лажичка маслиново масло, мед и бело вино. Добро мешајте додека не се добие компактна маса.
Нанесувајте ја маската два пати неделно и оставете да делува околу 30 минути. Потоа исплакнете со млака вода. Користете ја во период од два месеци, а потоа направете пауза од два месеци.