
Јапонките важат за жени со најчиста кожа и жени кои стареат најбавно. Еве зошто, меѓу другото
Јапонките измислиле домашни маски за лице за да ја направат нивната кожа здрава, беспрекорно чиста и млада.
Една од најпопуларните домашни маски кај Јапонките е онаа со авокадо, која ги чисти порите, ѝ дава доволно влажност на кожата и го забавува стареењето.
Оваа маска се препорачува да се користи еднаш неделно, а резултатите ќе бидат видливи по вториот третман.
Состојки:
- 1/4 авокадо
- сок од лимон
- 1 лажица мед
- 1/2 лажица маслиново масло
Подготовка и примена:
Авокадото исечкајте го на четвртинки и со вилушка извадете го јадливиот дел, па изгмечете го. Ставете го во сад и додадете сок од лимон, мед и маслиново масло. Пред да ја нанесете маската на лицето, натопете крпа во топла вода и држете ја на лицето неколку минути за да се отворат порите.