
Во сезоната на боровинки, нутриционистите препорачуваат да ја јадеме оваа сочна бобинка секој ден. Бидејќи, освен што е вкусна, нуди и многу здравствени придобивки.
1. Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Благодарение на полифенолите, боровинките се одлично овошје за кардиоваскуларното здравје. Исто така, едно од бројните студии покажало дека боровинките имаат благотворно дејство кај лицата со метаболички синдром, што вклучува значително намалување на крвниот притисок.
2. Идеални се за здравје на цревата и слабеење
Имајќи предвид дека содржат значително количество влакна, боровинките се одлични за здравјето на цревата. Во исто време, тие можат да помогнат во губење на вишокот телесна тежина, па затоа се речиси задолжителни во сите рестриктивни режими на исхрана.
3. Помагаат во работата на имунолошкиот систем
Богати со витамин Ц, боровинките помагаат во работата на имунолошкиот систем, се одличен борец против слободните радикали и влијаат на убавината и здравјето на кожата.
Најлесен начин да ги вклучите боровинките во вашата исхрана е да ги послужите со грчки јогурт или овесна каша за појадок. Сокот од боровинки е исто така корисен, но само ако го измешате ова овошје со некое друго сезонско овошје, како праска или круша.
Ладно цедениот сок од боровинки може да предизвика дијареа и нема корисни влакна, па затоа не се препорачува за дијабетичари или оние кои сакаат да ослабат.