
Не е тајна дека бракот треба да се одржува за да успее. На почетокот се е слатко и шармантно, но како одминува времето семејството се проширува, обврските се множат и животите се менуваат, има големи промени на кои треба да се прилагодат.
Исто така, ќе има многу моменти кога нема да бидете расположени и кога ќе се истакнат разликите меѓу вас и вашиот сопружник; тогаш воопшто не треба да биде табу да се бара помош однадвор.
Денес, многу парови во светот имаат свои брачни советници, а една таква професионалец, Шанел Докун, споделила шест реченици кои преку својата пракса научила никогаш да не му ги каже на својот сопруг, пренесува „The Sun“.
1. „Никогаш не ги миеш садовите“
Никогаш нема да го натерате партнерот да направи нешто ако ги користите зборовите „секогаш“ или „никогаш“.
Наместо тоа, кажете му дека би сакале повеќе да ви помага околу садовите.
2. „Ти си мрзлив“
И покрај тоа што нејзиниот партнер, исто така, често доаѓал дома од работа и оставал расфрлана облека, таа никогаш не го припишувала тоа на особина како што е мрзеливоста.
– Кога негативно го оценуваме карактерот на нашиот партнер, влегуваме во опасната зона на презир – изјави Шанел.
3. „Сè е твоја вина“
Никогаш не треба да ја „играте играта на обвинување“ кога работите тргнуваат наопаку. Важно е двајцата партнери да преземат одговорност, дури и ако вашиот дел е мал.

4. „Можеби треба да се разведеме“
Дури и кога ви е најтешко во бракот, никогаш не кажувајте го зборот развод.
– Не заборавајте дека денот кога го кажавте судбоносното „да“ ветивте дека заедно ќе ја пребродите секоја бура. Зборот развод создава пукнатина во сигурната основа на вашиот брак – потсетува брачниот советник.
5. „Глупаво е што се чувствуваше така“
Никогаш не можете да отфрлите како се чувствува вашиот сопруг. Секогаш давајте емпатија и отстранувајте ги сопствените себични ставови за да можете да разберете што ѝ треба на другата личност.
– Дури и да не се согласувате со чувствата на партнерот, важно е да можете да ги почитувате – истакнува таа.
6. „Заработувам повеќе, па кариерата ми е поважна“
Покажувањето на вашата финансиска супериорност никогаш не е добра идеја ако сакате здрав брак. Постојат многу начини да се придонесе за домаќинството.
– Треба да ги почитувате придонесите на двајцата партнери кои прават вашиот заеднички живот да функционира – заклучи Шанел.