Не го фрлајте талогот од кафето: Совршено ги убива непријатните мириси ако го користите вака

popara17 август, 20221min00
coffee-beans-34575871920-830x0

Постојат голем број на изненадувачки корисни работи што можете да ги направите со неискористениот талог од кафе

За многумина кафето е крал на сите пијалоци кои ги консумираме секој ден. Но, малкумина од нас размислуваат за неговиот нуспроизвод, остатоците што остануваат кога го пиеме и кои повеќето од нас ги фрлаат во ѓубре. А тоа е грешка.

Постојат голем број на изненадувачки корисни работи кои можете да ги направите со неискористениот талог од кафе, а една од нив е да ги неутрализирате непријатните мириси во домот.

Повеќето домаќинки го знаат трикот да сварат големо тенџере кафе откако ќе го исчистат фрижидерот, да го остават да се излади, а потоа да го стават во празен фрижидер за да ги „соберат“ мирисите и потоа да го истурат. Но, постои и поедноставен начин да ги елиминирате мешаните мириси од различните намирници кои ги чувате во фрижидер.

Истурете дел од исушениот талог на плех и ставете го на горната полица од фрижидерот.

Талогот од кафе, исто така, добро ги неутрализира мирисите од готвењето; истурете го во сад и чувајте го на работната маса во кујната.

Верувале или не, можете да посипете и исушен искористен талог од кафе на вашиот тепих за да се ослободите од непријатните мириси. Оставете го тепихот преку ноќ и наутро исчистете со правосмукалка.