
Освен што е одлично за организмот, маслиновото масло поволно делува и на косата и кожата. Еве неколку начини да го користите.
1.Одлично за испукани врвови
Маслиновото масло е одлично за испукани врвови. Прекумерната употреба на фен или пегла, изложеноста на топлина и морска вода може да доведе до нејзино слабеење. За да го избегнете ова, нанесете маслиново масло до самите краеви. За оние кои се борат со мрсна коса, совет е да не го ставаат на коренот на главата.
- За обликување на косата
Преголемата изложеност на топлина и прашина може да ја наруши текстурата на косата, па секое влакно да „води своја политика“. Маслиновото масло е одлична алатка за да ја доведете во ред.
- Пријател на кадриците
Сите оние кои имаат природно виткана коса често посакуваат да имаат порамна коса. Наместо да користите фен или преса, можете да користите маслиново масло. Нанесете неколку капки на дланките и распоредете ги по косата. На овој начин ќе ги „скротите“ непослушните кадрици.
- Во борбата против опаѓањето
Алопеција или опаѓање на косата е еден од сериозните проблеми што може да ги погоди секого. Маслиновото масло помага да се избегне опаѓање, а исто така може да поттикне повторно растење. Еден од советите е да додадете малку од ова масло во маските за коса, со цел дополнително да го подобрите ефектот.