
На овој начин, путерот може да ви помогне вo слабеењето
Нутриционистите често го избегнуваат овој вкусен намаз бидејќи содржи висок процент на масти, но она што многумина не го знаат е дека може да ни помогне да ги изгубиме вишокот килограми.
Нутриционистката Патриша Бенан, авторка на неколку хит книги за слабеење, изјави дека постои едно едноставно правило со кое путерот може да ви помогне да изгубите тежина.
Ако путерот се јаде во нормални количини, што не значи секојдневно консумирање, тој може да помогне при слабеење.

„Малку путер може да ви помогне да јадете поздрава храна, како што е зеленчукот. Мораме да бидеме внимателни со внесот, се разбира, бидејќи тоа е сепак многу масна храна, но малку путер на зеленчук на скара ќе не натера да јадеме повеќе зеленчук“, објасни Патриша.
„Путерот не само што им дава на јадењата прекрасен вкус и арома, туку и чувство во устата. Но, секогаш имајте го на ум фактот дека се работи за млечна маст и треба да се контролираат порциите. Путерот содржи и калциум, како и неколку супстанции кои помагаат да се намалат шансите за здебелување“, рече таа во таа прилика.