Здрави или УЖАСНИ за вас? Што ќе се случи ако секој ден јадете ПУКАНКИ?

popara19 август, 20221min00
Kokice-2048x1368

Пуканките одамна се на тронот кога се во прашање омилените закуски.

Покрај традиционалните, солените, се појавуваат и во други варијанти: со путер, сирење, кари, па дури и со слатки зачини.

Пуканките се идеална храна за сите прилики и собири, а освен тоа, можат да бидат и исклучително здрави. Нивното влијание врз здравјето е многукратно.

1. Го подобруваат варењето

Свежо подготвените пуканки, без непотребни додатоци, му помагаат на дигестивниот систем да ја обработи храната што ја јадеме, односно го решава проблемот со запек. Пуканките се богати со растителни влакна, поради што позитивно делуваат на дигестивниот систем.

Единствениот услов да делуваат вака е да не ги пресолите и да не ги потопувате во путер или други зачини. Исто така, содржината на калории е минимална.

2. Го ублажуваат стресот

Пуканките имаат низок гликемиски индекс, што укажува на брзината со која се зголемува нивото на гликоза во крвта. Тие се богати со јаглехидрати, кои влијаат на нивото на серотонин во телото, а со тоа автоматски не прават посреќни.

Сепак, како и во претходниот случај, не смеете да додавате премногу сол или други зачини.

3. Корисни се за жените

Пуканките посебно влијаат на расположението на жената во ПМС. Истиот случај како и со ослободување од стрес – лачењето на серотонин ги доведува во рамнотежа женските хормони.

4. Може да влијае на плодноста

Научниците претпоставуваат дека пуканките можат да влијаат и на плодноста на мажот, бидејќи нивното консумирање го зголемува протокот на крв низ телото.