Нанесете ја на измиена коса
СОСТОЈКИ:
- 2 лажички кокосово масло
- 1 јајце
- 1 лажичка мед
За почеток, треба да го загреете кокосовото масло во микробранова печка или на пареа. Јајцето се матИ посебно, па се соединува со топлото масло, па се додава една лажичка мед и се убаво се меша додека не се соедини.
Поделете ја косата на делови и нанесете ја маската на секој дел. Замотајте ја косата во крпа или ставете капа за туширање и оставете ја околу половина час, за да делуваат хранливите состојки од состојките. После тоа, редовно мијте ја косата, со шампонот што вообичаено го користите. Практикувајте го овој третман барем еднаш неделно и вашата коса многу брзо ќе стане мазна, мека и сјајна.
Бидејќи оваа маска содржи кокосово масло, кое создава заштитен слој на косата и на тој начин ја штити од навлегување на штетни, но и добри материи од околината, се препорачува маската да ја нанесете откако ќе ја измиете косата и ќе нанесете регенератор за коса.