Момчето на Ријана би можело да добие 9 ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицијата собира докази, тој тврди дека е НЕВИН

popara19 август, 20221min00
rijana-asap

Би можел да заврши во затвор заради пукање

Момчето на Ријана, АСАП, Роки беше уапсено во април оваа година во Лос Анџелес поради пукање на пријател, а во средата, на 17-ти август, на судењето се изјасни за невин. Доколку биде прогласен за виновен, би можел да добие и до девет години затвор, пишуваат американските медиуми.

Тој е обвинет за две кривични дела поврзани со инцидент во ноември минатата година во кој раперот наводно со огнено оружје нападнал поранешен пријател.

Што побрзо Роки ја напушти судницата откако се изјасни како невин за неговото убиство.

Како што пишува „Комплекс“, следното судење е закажано за 2-ри ноември.

Да се потсетиме дека додека Ријана беше бремена, таа и раперот отпатуваа за Барбадос. Но, тој се вратил малку порано, а веднаш на аеродромот бил приведен поради сомнение дека е одговорен за убиството и дека три-четири пати пукал во својот пријател, кој починал од повредите.

Службениците што го пречекале Роки на терминалот на аеродромот, му ставиле лисици и го одвеле.

Полицајците соопштија дека на 6-ти ноември дошло до расправија меѓу двајца познаници, која ескалирала и резултирала со тоа што осомничениот Роки пукал со пиштол кон жртвата и побегнал пеш од местото на настанот со други двајца мажи.

Според жртвата на нападот, раперот им пришол со две непознати лица, а во раката имал пиштол. Еден куршум наводно ја изгребал неговата лева рака.

Очевидци рекоа дека полицијата ја пребарала куќата на раперот и излегла со кутија со потенцијални докази.

Доколку судот го прогласи за виновен, на Роки му се заканува казна затвор до девет години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma