Пејачката Сиа откри дека боледува од редок облик на Елерс-Данлосов синдром. Таа сакаше да им каже на сите кои исто така се борат со болеста дека не се сами.
Елерс-Данлосов синдром е наследно нарушување на синтезата на колаген од непозната причина. Се произведуваат неисправни колагенски влакна, а самото ниво на производство е намалено. Колагенот е протеин кој дава цврстина на кожата и лигаментите и ги прави отпорни на истегнување.
Поради овие дефекти, кожата и зглобовите се претерано растегливи (хиперекстензија), раните тешко зараснуваат (во процесот на заздравување на раните неопходна е контракција на нејзините рабови), кожата е многу чувствителна и лесно се повредува. Се јавуваат и нарушувања на внатрешните органи: срцето, крвните садови, цревата, големите зглобови…
Таа напиша охрабрувачки, но и шокантен статус на Твитер:
„Еј, страдам од невролошко пореметување, ужасна болка, станува збор за Елерс-Данлосов синдром. Сакав да ви кажам на сите вас кои имате болка, без разлика дали е физичка или емоционална – ве сакам и само напред. Животот е тежок. Болката е деморализирачка, но вие не сте сами“.
Сиа не само што „поседува“ мегахитови како Chandelier и Cheap Thrills, туку напиша и над 100 песни за музичари како Ријана, Бијонсе, Бритни Спирс и Адел.
Таа отворено зборуваше за проблемите со дрогата и алкохолот, но за прв пат откри дека боледува од Елерс-Данлосов синдром.