Фитнес совети за почетници: Малите цели водат до големи резултати

popara20 август, 20221min00
shutterstock714513946-830x0 (2)

Одлуката да бидете поактивни е првиот чекор кон стекнување на придобивките од вежбањето, од подобро расположение до квалитетен сон и поголема самодоверба. Но, штом ќе одлучите да започнете со вежбање, ќе се смени вашиот став за здрав живот.

Со сите муабети за „магичниот тренинг“ или за совршеното време за поминување во теретана, тешко е да се знае од каде да се започне. И ако не ви е јасно што правите (или зошто го правите), може лесно да се откажете кога работите не одат според планираното.

Ова се првите чекори што мора да ги преземете кога ќе одлучите да започнете поздрав живот.

1. Идентификувајте ги вашите „зошто“, „што“ и „како“

Најдете време да разберете зошто, што и како. Зошто сега додавате фитнес и здравје во вашиот живот? Како вашиот живот ќе биде различен кога ќе имате редовен фитнес тренинзи? Како ќе го вклучите фитнесот во вашиот животен стил денес и во текот на оваа недела?

Кога ќе дознаете зошто, што и како – со која цел сте тргнале и колку време имате на располагање, ќе успеете добро да се организирате.

2. И 90 минути неделно се доволни – за почеток

Ако штотуку започнувате нова програма за вежбање, не претерувајте! Обидете се да започнете со вежбање три дена во неделата. Нема потреба да одите на целосен тренинг – останете 30 минути или пробајте краток приватен тренинг или вежбајте дома.

Сакате да бидете сигурни дека ги правите вежбите безбедно и ефикасно. Потоа, по четвртата недела, обидете се да додавате уште 30 минути секоја втора недела. Ќе се изненадите колку моќно ќе се чувствувате!

3. Дајте приоритет на конзистентноста пред интензитетот

Запомнете дека е потребно време и постојаност за да се изгради вашето тело, но дури и еден тренинг може да ве направи посилни. Затоа, не претерувајте со двочасовен тренинг уште на почетокот, убедени дека на тој начин побрзо ќе постигнете резултати. Нема, покажува статистиката. Побргу ќе се откажете ако се исцрпите на почетокот.

4. Најдете други активни луѓе кои ќе ги поддржат вашите напори

Пријателите и членовите на семејството кои вежбаат со вас можат да ви помогнат да истраете на ова патување. Обидете се да најдете партнери со кои ќе вежбате, се е полесно и позабавно во друштво.

Исто така, она што го правите надвор од теретана ќе има големо влијание врз вежбите што ги правите во теретана – позитивните промени во исхраната, хидратацијата, спиењето и нивото на стрес ќе создадат големи резултати, заедно со вежбањето.

5. Правете вежби кои навистина ви се допаѓаат

Малите дневни цели водат до големи успеси, а вие ќе се чувствувате подобро кога ќе ги исполните во целост, отколку кога ќе одработите половина од премногу тежок тренинг кој воопшто не ви се допаднал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma