Приказните за нега на лицето и кожата, генерално, во голема мера се сведуваат на гласини и совети од пријатели, баби, познаници…
Бидејќи ретко кој посетува дерматолог или искусен козметичар, кој е навистина упатен и може да даде квалитетни совети за нега на лице, многумина паѓаат во вистинските замки на разни заблуди во врска со негата на лицето.
Многумина би сакале инстант резултати и решение на проблемот преку ноќ, но кога станува збор за кожата, тоа едноставно не може.
Веројатно мислевте дека овие работи се добри, бидејќи можеби му помогнале на некој што го познавате, но бидете сигурни дека овие навики воопшто не се здрави и може да доведат до големо оштетување на кожата ако се применуваат премногу често или подолг временски период.
Дневен пилинг
Пилингот е навистина моќно оружје во борбата против мртвите клетки и ситните нечистотии на кожата, но неговата секојдневна примена е далеку од ефикасна. Ваква употреба на пилинг може да доведе до иритација и да спречи лачење на природни масла.
Фреквенцијата на примена на пилинг зависи од чувствителноста на кожата, но дефинитивно не треба да се користи повеќе од 2 до евентуално 3 пати неделно.
Можете да користите лак за коса за да ја сетирате шминката
Вистина е дека лак може да ја држи косата на место и да ја направи вашата фризура трајна, но тоа не значи дека треба да го користите за да ја поправите шминката. Лакот за коса е полн со штетни состојки кои ја сушат кожата и оставаат непријатно лепливо чувство.
Повисок заштитен фактор значи подобра заштита
Ова е вообичаена заблуда. Заштитниот фактор наведен на пакувањето штити само од УВБ зрачење кое е главната причина за кожни болести и изгореници, но не штити од УВА зрачење кое предизвикува забрзано стареење на кожата. Кога купувате крема треба да внимавате дали штити од двата вида на зрачење.
Затоа, кремот со висок заштитен фактор не гарантира дека можете целосно да се опуштите на сонце.
Паста за заби како брзо решение за мозолчиња
Трикот за мозолчиња што многу луѓе го користеле во тинејџерските денови не е особено добро решение. Одредени материи од пастата за заби може да го зголемат ризикот од дерматитис и да ги влошат воспалителните процеси.
Треба често да ги менувате производите за нега на кожата
Премногу истражување и експериментирање со производи за нега на кожата всушност не се препорачува. Вистина е дека ќе треба да го правите тоа некое време за да го најдете идеалното решение за проблемите со кожата, но штом ќе ги најдете оние кои најмногу ви одговараат и ви помагаат, држете се до нив.
Кожата едноставно сака конзистентност.
Сонцето како најдобар извор на витамин Д
Изложеноста на сонце е корисна за да му обезбедите на организмот доволно количество витамин Д, но тоа треба првенствено да го внесете преку храната, поточно, со користење на житарки и риба, кои се особено богати со оваа супстанца.