Доколку сте расположени за лесен летен оброк, ви препорачуваме полнети печурки со зеленчук
СОСТОЈКИ:
- 600 гр поголеми печурки
- главица кромид
- морков, тиквички
- црвена и жолта пиперка
- два домати
- маслиново масло
- половина чаша пармезан сирење
- половина шолја рендана гауда
- сол, бибер, зачини
ПОДГОТОВКА:
Печурките измијте ги, исушете ги, извадете ги дршките, па ситно исечкајте ги. Морковите, тиквичките, пиперките и доматите исечкајте ги на ситни коцки. Во тава на малку масло на кратко пропржете ситно сечканиот кромид и стебленцата од печурките, па додадете го преостанатиот зеленчук.
Динстајте десет минути, додека зеленчукот не омекне, а вишокот течност не испари. Потоа додадете сол, бибер и пармезан, па тргнете го од оган.
Наполнете ги печурките со подготвената смеса, ставете ги на плех обложен со хартија за печење, посипете со рендана гауда и печете во рерна на 200 степени околу 15-20 минути.