Направете ледени коцки со праски и ќе имате вистински летен десерт
Состојки:
- 200 гр пишкоти
- 200 мл млеко
За фил:
- 500 мл слатка павлака
- 100 гр шеќер во прав
- 200 гр праски
За декорација:
- 300 гр праски
- 250 мл ладна вода
- 15 гр желатин
Подготовка:
Потопете ги бисквитите во млекото и наредете ги во огноотпорен сад.
Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав, па додајте ги ситно сечканите праски кои претходно сте ги излупиле од кората. Со филот прелијте ги бисквитите.
Наредете ги праските кои веќе сте ги исечкале. Желатинот измешајте го со вода и почекајте да набабри, а потоа растворете го и посипете го врз овошјето.
Ставете го десертот да се излади во фрижидер 3 часа.