На различни типови на кожа им одговараат различни производи, а има и време кога треба да ги користите
Со оглед на тоа што кожата се суши поради дејство на надворешни фактори, како што се сонцето, ветерот и загадувањето, како и поради влијанието на нашите навики, како туширање или лоша исхрана, потребно е секојдневно да се негува.
Но, за хидратацијата да биде целосна и соодветна, потребно е да се задоволат специфичните потреби на кожата.
За да го извлечете максимумот од секој производ, треба да знаете кога е најдобро да го нанесете и кој е вистинскиот за вашиот тип кожа.
Крема за тело
Најдобро време за нанесување на хидратантна крема е наутро и навечер.
Кремите за тело содржат многу различни компоненти кои и се потребни на вашата кожа. Тие се соодветно средство за хидратација и снабдување на кожата со хранливи материи, кои ќе ја направат мека и мазна.
Во текот на есента и зимата се препорачува поинтензивно користење. Кремот е најдобриот избор за оние чија кожа е склона на сушење и пукање.
Лосион за тело
Лосионот има малку полесна структура, па затоа е многу подобар избор за топлите денови. Кожата брзо го апсорбира, порите не се затнати, а кожата потоа се хидрирана и негувана.
Се препорачуваат доколку имате мрсна или нормална кожа. Повеќето лосиони за тело содржат АХА и овошни киселини кои имаат корисен ефект врз кожата.
Млеко за тело
Млекото е помалку мрсно од лосионот. Повеќето млека за тело содржат сложени липиди, но и млека како што се: кравјо, соино, козјо, кокосово и слично, кои имаат различни придобивки за кожата.
Се препорачува за оние со нормална или мрсна кожа, а најдобро е да се нанесува наутро.
Масло за тело
Маслата за тело генерално се направени врз основа на есенцијални и базни масла, кои на кожата и обезбедуваат доволна хидратација и формираат заштитен слој околу неа.
Главната состојка на овие производи е есенцијалното масло, кое обезбедува долготраен и постојан мирис.
Пожелно е овој препарат да се користи не повеќе од два до три пати неделно во комбинација со лосион или млеко. Најдобро е да се нанесува навечер, а не се препорачува за луѓе со мрсна кожа.