Децата шарале по ЅИДОТ и мебелот и сега имате проблем? Ослободете се од ЧКРТАНИЦИТЕ со помош на овие 4 трикови

popara22 август, 20221min00
Dete-zid-crtez-crtanje-po-zidu

Ќе исчезнат како од шега

Ако имате непослушни деца кои сакаат да чкртаат по ѕидот или мебелот кога не гледате, тогаш веројатно имате проблем и се прашувате како да ги отстраните дамките.

Не треба да користите груби хемикалии. Така постои ризик да го оштетите ѕидот или мебелот, што дефинитивно не сакате да се случи.

Наместо тоа, пробајте природни методи, а ова се некои од начините како да ги отстраните трагите од боичките од ѕидот.

  1. Сода бикарбона

Ако навреме ги забележите трагите на ѕидовите, без проблем ќе се ослободите од нив, со користење на сода. Едноставно ставете малку сода бикарбона на крпа и истријте ги извалканите места. Боицата би требало да се избрише со многу малку труд.

  1. Паста за заби

Со помош на бела паста за заби која не е во форма на гел, би требало многу лесно да ги отстраните боичките од ѕидот. Ставете малку паста на извалканите места, а потоа нежно истријте со четка за заби. Отстранете ја пастата подоцна со влажна марамица или крпа.

  1. Мајонез

Овој вкусен додаток на јадењата ќе помогне да се отстранат трагите од боички од свежо обоените ѕидови. Нанесете мајонез на дамките, оставете го да отстои неколку минути, а потоа само избришете го со салфетка или кујнска крпа.

  1. Оцет

Освен на ѕидовите, децата обожаваат да цртаат и на својата гардероба, а дамките од боички од гардеробата лесно можете да ги отстраните со помош на оцет. Едноставно натопете ја извалканата облека во малку оцет пред да ја ставите во машина за перење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma