Кога станува збор за финансиите, некои хороскопски знаци имаат повеќе среќа од другите.
Се верува дека Девиците, Скорпиите и Јарците секогаш ќе имаат полн паричник.
Девица
Девиците лесно ја пренесуваат својата прецизност на финансиите. Не се склони да ризикуваат, го ценат трудот и работата, па ги штедат сите пари што ќе ги заработат.
Скорпија
Скорпиите често се водат од слоганот дека „целта ги оправдува средствата“, што во повеќето случаи им обезбедува добри и профитабилни работни места. Имаат развиена деловна интуиција и лесно доаѓаат до пари.
Јарец
Имаат ладна глава, претпазливи се и реални, што е корисно за бизнисот. Парите се секогаш нивната главна цел и не се откажуваат додека не ја постигнат.