Откако принцезата Дајана загина во сообраќајна несреќа под сомнителни околности, многу се откри за нејзината борба со булимија, пишува британскиот „Експрес“.
Деталите за нарушувањето во исхраната на Дијана првпат се појавија по објавувањето на кралската биографија на Андреа Мортон, “Diana: Her true story“ уште во 1992 година.
Извештаите потоа открија дека нејзиното нарушување во исхраната започнало една недела пред нејзината свршувачка со принцот Чарлс и делумно било предизвикано од неговата постојана блиска врска со Камила.
Во едно злогласно интервју од 1995 година, таа ја опиша булимијата како „симптом на она што се случува во нејзиниот брак“.
Булимијата е опишана и како сериозна ментална болест, може да влијае на секого од која било возраст, пол и потекло.
Луѓето со булимија имаат епизоди на прекумерно јадење што подоцна се обидуваат да ги компензираат со фрлање храна, земање лаксативи или прекумерно вежбање.
Прејадувањето е начин за оние кои страдаат да се справат со тешките емоции.
– Имав булимија неколку години. Тоа беше мојата тајна болест на некој начин. Си го правиш тоа себеси затоа што самодовербата ти е на ниска граница и мислиш дека не си достоен – објаснила Дијана.
Лејди Ди вели дека никому во кралското семејство не кажала дека има пореметување во исхраната, бидејќи луѓето тогаш се срамат од себе.
Кај булимијата, работата е што телесната тежина секогаш останува иста, додека со анорексија видливо слабеете.
Фактот што Дијана отворено зборуваше за булимијата и нејзиното нарушено ментално здравје им помогна на другите да добијат храброст да зборуваат за проблемот и да ја добијат потребната помош.