Неодолив јогурт колач со малини: Кремасто задоволство од само неколку состојки

popara23 август, 20221min00
kolac

Јогурт колачот со малини може да го послужите и како торта.

Не ви требаат многу состојки, а многу брзо ќе биде готов.

Состојки:

300 гр малини
70 гр шеќер
18 гр желатин
200 гр риба бисквити (грицки)
50 ml вода
350 гр крем сирење
300 гр густ јогурт
80 гр шеќер во прав

Подготовка:

Измешајте ги малините со шеќер и желатин (6 g), а потоа варете, повремено мешајќи, додека не зоврие. Тргнете го од шпорет и истурете во сад, а потоа додадете ги грицките и добро промешајте да се соедини сè. Калапот со пречник од 18 см лесно подмачкајте го, па покријте го со хартија за печење (и од дното и на рабовите), а малините и грицките прелијте ги и израмнете. Ставете во фрижидер 30 минути. Измешајте желатин (12 g) со вода и оставете да набабри. Убаво изматете го крем сирењето, јогуртот и шеќерот во прав. Додадете го желатинот што претходно сте го раствориле на пареа. Се мати со миксер и се прелива со основата. Ставете во фрижидер еден час. Украсете со малини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma