Одличен трик за да ги одржите бананите свежи, дури и до неколку недели

popara23 август, 20221min00
banana-57341920-830x0

За оние кои не сакаат презрели банани, ова е одличен трик

Корисникот на „TikTok“ Tomato Dave сака да споделува совети за градинарството, а ги израдува обожавателите кога сподели трик за одржување на бананите свежи, со недели откако ќе ги купите.

Еден трик е да ги завиткате краевите на бананата во проѕирна фолија. Најдобро е секоја банана да се одвои и нејзините краеви да се завиткаат во фолија, пренесува „Експрес“.

Овој трик го забавува производството на етилен и ги одржува бананите свежи и до седум дена.

Исто така, многу е важно бананите да се одвојат од другите овошја и зеленчуци како што се доматите, јаболката, праските и авокадото бидејќи тие го забрзуваат зреењето со ослободување на хемикалијата наречена етилен.

Доколку вашите банани се веќе доволно зрели и сеуште не сакате да ги јадете, ставете ги во фрижидер за да го забавите нивното созревање.

Доколку сакате да ги чувате подолго време, тогаш ставете ги во замрзнувач.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma