Мит или реалност: Попаметните луѓе помалку изневеруваат?

popara23 август, 20221min00
676

Голема студија објавена од „Social Psychology Quarterly“ открива дека мажите со повисок коефициент на интелигенција им се поверни на своите партнерки.

Имено, истражувањето ги анализирало одговорите од анкетата на илјада возрасни и тинејџери во САД и открило дека „интелигентните луѓе повеќе ја ценат моногамијата и сексуалната ексклузивност отколку помалку интелигентните“, тврди Сатоши Каназава, професор на Факултетот за економија и политика, кој е и автор на студијата.

Причина? Од еволутивна гледна точка, современите мажи подобро ги ослободуваат инстинктите на „пештерскиот човек“ кои ги наведуваат да имаат што повеќе сексуални партнери. Оние со понизок коефициент на интелигенција, пак, не можат да одолеат на овој инстинкт и важно им е да спијат со што повеќе жени, па не им е непознато изневерувањето. Сепак, треба да се забележи дека научниците откриле и јасна разлика помеѓу преференциите и однесувањето: интелигентните мажи во исто време „повеќе ја ценеле сексуалната ексклузивност, но имале и повеќе можности да се впуштат во вонбрачни врски“.

Претходните истражувања, исто така, дефинирале дека жените и мажите имаат тенденција да изневеруваат од спротивни причини. Студијата од 2008 година објавена во „American Sociological Review“ покажала дека жените кои се главни „хранителки“ во врската имаат помала веројатност да извршат прељуба, додека дури 70 отсто од мажите кои се главен извор на приход во домаќинството и мажите кои се финансиски понезависни од жените имаат поголема тенденција да ја изневеруваат подобрата половина.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma