Имаме нова бодибилдерка во Холивуд. Нејзиното име е Никол Кидман. Знаеме дека многу добро ја познавате, но дали знаевте дека е во ваква форма?
Славната Никол Кидман го краси новото, трето издание на магазинот The Perfect, посветено на најголемите ѕвезди на поп-културата. Актерката позира во новиот модел на „Дизел“ од колекцијата есен/зима 2022 година.
Автор на фантастичната фотографија е познатиот фотограф Жонг Лин. Сликата има таква посебна симболика и директно ја отсликува силата на жената. Какви што се пораката и презентацијата, такви се и резултатите.
Ова е ГЕНИЈАЛНО“, „Веќе можам да ја видам во нов научно-фантастичен филм“, „Ова е толку кул“, „Петтиот елемент“, „Леле“, неверојатно“, коментираат на страницата на магазинот на Инстаграм.
Погледнете ТУКА
Со својот фантастичен бицепс, Никол лесно може да предизвика завист дури и кај познатиот Арнолд Шварценегер… 🙂