Кога љубовта е во зародиш, сексот е чест и возбудлив. Меѓутоа, како што двојката запаѓа во рутина, така и нивото на страст во спалната соба се намалува. Има ли начин да се избегне ваквото сценарио?
Неколку брачни парови одговараат потврдно на прашањето,објаснувајќи како и после низа години поминати заедно, ним интимниот живот сѐ уште им е здрав, еротски и интензивен. Наспроти сите обврски и проблеми во секојдневието.
Ова се нивните совети за одржување на жарта во долгата врска:
„Се договараме однапред за сексот.“
„Нам интимните односи ни се високо на листата со приоритети. На почетокот од неделата се договараме со сопругот за најмалку три жешки состаноци. Не сме од оние парови кои го одложуваат сексот поради замор, мислејќи си дека „ќе имаат време“, а потоа се чудат кога помеѓу нив сосема ќе исчезне блискоста. Како што го распоредуваме своето време за работата и домашните обврски, така во плановите го вклучуваме и водењето љубов. Едноставно е.“
„Не ги потиснувајте личните желби.“
„Сметам дека е од особена важност и двајцата да oсознаете што навистина сакате во сексот. Секој за себе. Јас лично открив дека ми годи кога во интимните односи е вклучена и духовноста. Тоа за мене е нешто драгоцено.“
„Разговорот е моќен афродизијак.“
„Првите три години, во нашата постела фрчеа искри. Потоа добивме деца и заеднички почнавме да работиме. После седум години сфатиме дека сме станале мошне добри бизнис партнери, но престанавме да бидеме љубовници. Поминавме низ сериозна криза, од која се извлековме само затоа што почнавме многу повеќе да разговаравме, како еден со друг, така и со нашите блиски пријатели. Разговорите ни го вратија чувството на блискост. Си ветивме себеси дека редовно ќе зборуваме за сопствените чувства и стремежи, а дека муабетите нема исклучиво да ни се вртат околу децата и работата. Повторно станавме љубовници, а сега повеќе внимание посветуваме на квалитетот, одошто квантитетот на сексот. И двајцата сме задоволни со ова.“
„Емотивната блискост е патот до рајот.“
„Тој е првиот маж со кого сексот не ми беше само телесно, туку и емоционално искуство. Кога се осигурав во неговата приврзност, тогаш си допуштив себеси да бидам ранлива. Сметам дека ова е клучот за добар секс. Ако сте претерано самоуверени, глумите, или, пак, загрижени сте поради нешто, водењето љубов не може да биде искрено. Ние разговараме и секојдневно правиме некои нешта заедно. Така ја одржуваме поврзаноста, благодарение на која ги исцелуваме и раните од минатото. Мојот заклучок е дека блискоста е предуслов за квалитетен интимен живот на долги патеки.“
„Не плашете се од новини во кревет.“
„Бевме најдобри пријатели пред да станеме пар. Ова е нашата предност, затоа што научени сме отворено да си кажуваме еден на друг што ни се допаѓа, а што не. Така постапуваме и кога е сексот во прашање. Во креветот ни е подеднакво добро како и на почетокот од врската. Честопати пробуваме нови пози и положби, а користиме и секси играчки. Повремено си праќаме и експлицитни пораки. Привлечноста меѓу нас е сѐ уште силно присутна.“
„Секое време е добро за секс.“
„На партнерот треба искрено да му ги откриете вашите сексуални фантазии. Така станува повозбудливо. Најдете време за интимните односи. Кога јас и сопругата сме уморни навечер, тогаш си дозволуваме брзо задоволство наутро, пред да тргнеме на работа.“