Без разлика дали сте чувствителни на глутен или едноставно сакате да живеете поздрав живот и не сакате да јадете бело брашно – направете проја по стар рецепт:
Ви треба:
400 гр крупно мелено пченкарно брашно
220 мл млака вода (во која е измешано 1/2 кесичка прашок за пециво)
1 рамна лажичка сол
Подготовка: Во брашното истурете топла вода со измешаниот прашок за пециво и додадете една кафена лажичка сол. Масата треба да биде малку погуста од тестото за палачинки. Сето тоа измешајте го со блендер и истурете го во тавче подмачкано со маснотии (ако постите, наместо маснотии користете растително масло) и ставете го во загреана рерна, на 230 степени, околу 15-20 минути. е, додека на површината не се формира темно кафеава кора. Испечената проја посипете ја со вода, покријте ја со кујнска крпа и оставете ја да се излади. Изладената проја исечкајте ја на коцки или триаголници и послужете ја наместо леб, со сарма, подварок, полнети пиперки или издробена во јогурт или кисело млеко.