Вистината е секогаш најдобриот одговор
Во секоја врска, лажењето не е пожелно. Едноставно, вистината е најдобриот одговор во секоја ситуација.
Меѓутоа, ако сте искрени, ќе признаете дека барем еднаш сте го излажале партнерот.
Често луѓето лажат со најдобра намера, за да го задржат мирот во врската или да не го расипат расположението на партнерот. Така, многумина ќе молчат кога се чувствуваат лошо, кога се нерасположени или кога нешто им пречи кај партнерот.
Ова е донекаде и разбирливо, иако навистина нема потреба од тоа, бидејќи вашата друга половина ќе прифати сè на вистински начин, ако тоа е вистинска љубов. Сепак, постојат и многу големи и опасни лаги кои всушност никогаш не треба да се кажат.
Самата потреба да лажете за овие работи, или да направите некои од нив, треба да ве натера да се запрашате зошто сè уште сте во врската. Размислете дали другата личност заслужува вака да се однесува со неа.
Најдобро е, повторуваме, да се каже вистината во секоја ситуација, колку и тоа да чини.
- Мамење
Изневерувањето е лоша работа само по себе и треба да ве натера да се запрашате, како што веќе напишавме, зошто сè уште сте во врска со личноста која ја изневерувате. Дали сте генерално незадоволни или однесувањето на личноста кон вас е лошо?
Лажењето за изневерувањето ја прави целата ситуација уште покомплицирана, без разлика дали тоа го правите за да се заштитите себе си или личноста што можеби сè уште ја сакате. Со тоа што сте неискрени, вие не правите ништо друго освен што ја продолжувате измамата и никој не заслужува да биде така третиран.
Ако навистина го сакате партнерот, признајте му ја вашата грешка, обидете се да се оправдате и оставете тој да одлучи дали ќе ви прости или не.
- Чувства
Луѓето во врски често лажат за тоа како навистина се чувствуваат, за да не започнат расправии со партнерот доколку нивното однесување е причина за нивното лошо расположение. Меѓутоа, ставањето на проблемот под тепих не решава ништо.
Запомнете дека луѓето сè уште не ја совладале техниката на читање мисли и многу е можно никогаш да не ја совладаат. Кога има проблем, најдобриот начин да го решите е преку искрен разговор.
Верувајте дека вашиот партнер се грижи за вашите чувства, а ако не, тогаш запрашајте се зошто сè уште сте во врска со него.
- Лажење за секс
Според истражувањата, неверојатни 80 отсто од жените глумат оргазам за време на сексуалниот однос. Самиот секс не мора секогаш да биде фасцинантен, но неопходно да бидете задоволни.
Нема потреба да трпите незадоволство. Повторно, партнерот нема да знае дека нешто не ви се допаѓа или дека одредена работа не ви се допаѓа, освен ако не му кажете.
Можеби се грижите дека ќе ги повредите чувствата на партнерот, но верувајте дека искреноста во врска со ова прашање е добра и корисна за двајцата.
- Лажење за пари
Криење сметки и картички, нереално високи трошоци за непотребни работи и најлошо од се, трошење на парите на партнерот без претходна согласност – сето тоа е погубно за вашиот однос.