Не ни знаете дека погрешно го правите: Еве како правилно и БРЗО да изрендате сирење и јаболка

popara24 август, 20221min00
5752_cheese-g19649aba0-1280_f

Една жена на Интернет сподели совети како полесно да се изренда сирењето

Кој не сака домашна пица со многу рендано сирење? Или пита со јаболка? Но, малкумина сакаат да ги рендаат? За многумина тоа е досадна работа. И многумина го прават тоа погрешно!

Секој обично го става рендето исправено. Се разбира, кој би помислил поинаку, нели?

Но, сирењето многу полесно се ренда кога ќе го ставите рендето на страна.

Би Симонс, уметничка за тетоважи од Англија, на Твитер објави кратко видео како ренда сирење ставајќи го рендето на страна.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Кога ќе се стави рендето на страна, по него го движите сирењето хоризонтално, а изренданиот дел паѓа на другата страна и останува таму.

На тој начин полесно ќе го префрлите во соодветниот сад. Дополнително, кога рендето го ставаме исправено, често се случува да ни се фати за ноктите, а тоа може да биде непријатно. Од друга страна, кога го држиме рендето хоризонтално, прстите не ни се блиску до остриот дел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma