Брзо, едноставно и економично
Домаќинките најдобро знаат колку често се случува да дојде многу непријатен мирис од кујнскиот мијалник. Освен што предизвикуваат непријатни мириси, храната и течностите кои завршуваат во мијалникот може да предизвикаат и затнат одвод.
Затоа е многу важно често да го плакнете и чистите мијалникот и одводот, а тоа ќе го направите најлесно, најекономично и најбрзо со овие три трикови.
- Сода бикарбона и сол
Наполнете го тенџерето со вода и варете додека не почне да врие. Потоа додадете пет лажици сол и исто толку сода бикарбона, па истурете ја во одводот. Ќе исчезнат непријатните мириси и бактериите, а постапката повторувајте ја еднаш неделно.
- Сода бикарбона и оцет
Во тавче истурете половина литар вода и додадете еден децилитар оцет. Потоа во отворот на мијалникот ставете околу 100 грама сода бикарбона и потоа прелијте го со врела вода и оцет. Ставете крпа над одводот и оставете ја преку ноќ.
- Оцет и сол
Измешајте еден децилитар оцет и три полни лажици сол во сад за готвење. Истурете два литра вода и оставете да зоврие. Истурете ја течноста што содржи сол и оцет во одводот на лавабото, а потоа брзо прелијте ја со топла вода.