Кендал Џенер официјално го започна преодниот моден период. Иако не сме секогаш подготвени да се откажеме од летните парчиња, возбудени сме поради враќањето на плетената облека. Кај Џенер ова резултираше со хибриден изглед во кој комбинираше минијатурен топ и омилените есенски обувки – мокасините.
Еден од најпопуларните модели на денешницата е фотографиран во Лос Анџелес во свилено здолниште и мокасини со реси од брендот The Row. Таа лесно би можела да го „рециклира“ истиот изглед во октомври со едноставно додавање на пуловер со ролка.
Овој изглед на средината на сезоната е навестување за тоа што Кендал ќе ни покаже во наредните месеци, а тоа е лежерен калифорниски стил во комбинација со строги деловни парчиња.