Јасни знаци дека љубовта исчезнала: Пет реченици кои мажите ги кажуваат кога веќе не ве сакаат

popara25 август, 20221min00
Raskid-2-2048x1365

Комуникацијата е најдобар показател дека нешто не функционира во вашата врска

Дури и кога ги има сите знаци, тешко е да се признае дека нема повеќе љубов, барем од страната на партнерот.

А најдобар показател за добрите или лошите страни на вашата врска со партнерот е комуникацијата.

Ако веќе не разговарате за проблемите или пристапот на вашиот партнер е целосно променет, тоа е голема причина за загриженост.

Психолозите издвојуваат пет реченици кои мажите ги кажуваат кога веќе не ја сакаат партнерката.

  1. „Тоа е твој проблем“

Мажот кој има чувства кон жената ќе се обиде да ја заштити од тешкотиите со кои може да се соочи, наместо да ја остави сама. Преземањето одговорност за друга личност е манифестација на љубов, со која тој ги докажува своите чувства. Уште една верзија е „тоа не е мој проблем“.

Сакана личност е некој што сака да биде тука за вас кога ќе дојдат бурите, а не некој што ве остава секогаш да се борите сами.

  1. „Уморен сум од тебе“

Обично оваа фраза може да се слушне кај парови кои се заедно долго време. Ако партнерот го каже ова во афект за време на расправија, а подоцна се извини, тогаш можно е се да е во ред. Меѓутоа, ако постојано го повторува ова, тоа значи дека нешто недостасува во вашата врска. Прашајте го што е проблемот, како да го решите и дали му треба повеќе простор и зошто… Разговарајте за проблемот. Но, ако овој став продолжи, тогаш е време да заминете и да бидете со некој кој ве заслужува.

  1. „Прави што сакаш“

Ова е фраза на рамнодушност која покажува автономија и одвоеност од другата половина. Кога оваа фраза се користи во секојдневната комуникација, можно е оваа врска да нема многу шанси во иднина.

  1. „Мора да се промениш“

„Што ти е со шминката?“; „Треба да изгубиш неколку килограми“; „Не се смеј така“; „Промени ја таа облека“; „Зошто не изгледаш како другарките“… Ова се исклучително токсични фрази со кои мажот покажува дека, всушност, не ве сака такви какви што сте, туку дека очекува да се промените.

Во ред е некому да му дадете совет или да предложите некаква промена, но ако мажот ве критикува вас, вашиот изглед, однесување, ве споредува со другите, тоа сериозно ја загрозува вашата самодоверба. А тоа не го прави човек кој искрено сака.

  1. „Ќе сфатам без твоја помош“

Уште еден начин да го одвои вашиот живот од неговиот. Ако постојано ја одбива вашата помош, идеи, решенија, предлози – можно е да сака да живее целосно самостојно. Разговарајте за тоа, кажете што ви пречи, што сакате да подобрите…

Комуникацијата е неопходна во секоја врска, но ако и низа разговори по долго време не помагаат, вашите напори не се исплатат, можеби е време да продолжите понатаму. Можеби додека чекате во врска која нема иднина, која ве гуши и угнетува, некаде некој чека само да ве сака со целото свое срце.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma