Серијата ќе се емитува на Нетфликс
Во тек е продукцијата на документарна серија за Роби Вилијамс. Предвидена за емитување во 2023 година, повеќеделната серија на Нетфликс е опишана како „нефилтрирано, длабинско испитување на глобалната икона и природен забавувач“ што ќе ги опфати успоните и падовите на 30-годишната кариера на Вилијамс како член на „Take That“ и како соло уметник, пишува „NME“.
Серијата која се уште не е насловена, содржи 25 години вредна интима, досега невидена архива за славниот пејач.
Режисер на серијата е Џо Перлман, режисерот на документарните филмови „Ејми“ и „Диего Марадона“.