Бред Пит дефинитивно реши да го направи своето големо враќање незаборавно.
Да потсетиме, откако изјави дека влегува во „последниот семестар од кариерата“, во јавноста се врати со необични филмови, нови хобија и многу впечатлив стил. И, без разлика какви коментари предизвикува, 58-годишниот Бред изгледа одлично се забавува.
Во текот на изминатите два месеци од филмската турнеја Bullet Train, Бред не воодушеви со смели аутфити: од ленени здолништа, до тексас комплети, до пастелни костуми, смело кршење на стереотипите за машкото облекување. Кој вели дека мажите треба да носат само костуми и неутрални бои? И уште колку децении/векови токсичната машкост ќе го одреди нашиот поглед на светот?
И додека жените храбро носат костуми и вратоврски, Бред се насмевнува во предимензионирани здолништа и Барби бои, слободно пркосејќи им на сите норми.
Розов костум со изразени детали во вид на вез и копчиња, е креација на неговиот омилен, новооткриен дизајнер Ханс Николас Мот, чии модели во последно време не ги напушта. А за да му даде лежерна нота на целиот аутфит, Бред оделото го искомбинира со едноставна бела кошула со кратки ракави и патики, а сето тоа за премиерата на новиот филм во Сеул.
Пинк бојата владее во 2022 година, откако Валентино ја стави на тронот на популарноста оваа есен, а модните фанатици ја прифатија со ентузијазам, започнувајќи цело движење наречено Barbiecore, кое брои 29,3 милиони ознаки на TikTok.