Главоболката и мамурлакот се речиси неизбежни по непроспиената ноќ помината со алкохол.
Следниот ден, повеќето луѓе посегнуваат по шолја силно кафе веднаш штом ќе станат за да му се попречат на мамурлакот, сепак, излегува дека тоа не е најдоброто решение.
Експертите истакнуваат дека кофеинот ги стеснува крвните садови и го зголемува крвниот притисок, што може да резултира со уште посилна главоболка, а ова е нешто што дефинитивно сакате да го избегнете.
Кофеинот, како и алкохолните пијалоци, се моќни диуретици – агенси кои го подобруваат излачувањето на урината од телото. Вистина е дека може да се чувствувате побудно откако ќе испиете шолја кафе, но тоа може и да ве дехидрира, додека на вашето тело му треба што повеќе хидратација после мамурлакот.
Дали помага „силниот“ појадок?
Обилниот појадок со висока содржина на протеини е одличен сојузник во борбата против мамурлакот. Овој тип на исхрана ќе ви даде дополнителна енергија и ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажаа дека утринската мачнина после алкохол е предизвикана од празен стомак, па затоа силен и квалитетен појадок може да ви помогне.
Храната како пилешко, мисирка и јогурт е богата со цистеин, аминокиселина која помага во полесно разградување на алкохолот. Исто така, храната богата со вода, како што се лубеницата, јагодите, дињата и краставицата помагаат во хидратацијата на телото.
Дали пиете многу вода?
Имајќи предвид дека алкохолот го дехидрира телото, повеќето од нас забораваат да пијат вода за време на ноќното излегување, што ќе ви помогне да избегнете мамурлак наутро.
Друг корисен совет е да испиете чаша сок или вода помеѓу два алкохолни пијалоци. Не заборавајте да пиете вода пред да заспиете, а следниот ден треба да пиете повеќе течности.
Што е со лекови против болки?
За некои главоболките се толку неподносливи следниот ден што треба да пијат лекови. Лековите базирани на ибупрофен можат да помогнат во ова, само не претерувајте. Не заборавајте да јадете квалитетен оброк пред да го испиете.