Научниците одамна утврдиле колку е важно правилното функционирање на цревата за нашето целокупно здравје. Рамнотежата на цревната микрофлора е важна не само за да се избегне надуеност, гасови, запек и дијареа, туку и за сите други аспекти на нашето здравје.
Затоа е важно во нашиот организам да се внесат пробиотици, живи микроорганизми кои благотворно делуваат на дигестивниот систем, како и на имунолошкиот систем.
Досега сте слушнале колку е здрав кефирот и богат со пробиотици, како и со калциум, витамин Б12 и фосфор. Затоа денес ви носиме пијалок на база на кефир кој буквално ќе го оживее вашето тело. Започнете го денот со него и целото тело ќе ви се заблагодари.
Состојки:
2 чаши кефир
1 чаша излупена и сечкана краставица
1/4 чаша свежи листови коријандер
сок од еден лимон
1/2 лажичка мелен ким
прстофат сол
Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете изедначена смеса.