Едноставно и лесно
Ако сакате вашиот дом секогаш да мириса убаво, а не сакате да користите фабрички освежувачи, направете домашно средство на природна база што ќе го има истиот ефект.
Трикот за правење домашен освежувач на воздухот го сподели еден корисник на TikTok кој користи само три состојки – лимон, рузмарин и есенцијално масло од ванила.
Состојки:
- 400 милилитри вода
- Еден лимон
- 4 гранчиња рузмарин
- Етерично масло од ванила
Подготовка:
Истурете 400 милилитри вода во тенџере, ставете го на шпорет да се загрее водата, а потоа додадете еден лимон исечен на парчиња, една шака иглички од рузмарин и една лажица есенцијално масло од ванила. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето од ринглата и оставете го да стои на централно место во куќата.
Во текот на денот, можете да додадете вода или да го истурите добиениот освежувач во чинивчиња, а потоа да ги распоредите во секоја соба во куќата.
Овој освежувач можете да го измешате и со алкохолен оцет во сооднос 1: 1 и да направите повеќенаменско средство за чистење на целата куќа.