Расте на многу меридијани, а во Македонија е застапена од јуни до доцна есен
Кој не ги сака сочните и слатки круши, особено наесен? Освен што се вкусни, крушите се многу добри и за нашето здравје. Ова овошје е полно со минерали како што се калиум, бакар, фосфор, калциум, магнезиум, железо и бројни елементи во трагови.
Исто така, крушите се богати со витамини, К, А и Ц, како и со повеќето витамини од групата Б и Д.
Но, покрај витамините и минералите кои можеме да ги внесеме во организмот, крушите имаат и други придобивки. Ви претставуваме само некои од нив.
- Добри се за варењето
Ова овошје е полно со влакна, кои го подобруваат дигестивниот систем и варењето. Ја намалува можноста за запек, но и дијареа. Исто така, крушата, благодарение на споменатите влакна, штити од слободните радикали и со тоа превентивно ја намалува можноста од разни болести.
- Го чуваат срцето
Срцевите заболувања се една од најчестите причини за смрт во светот. Крушите се добар извор на калиум, што значи дека позитивно делуваат и на срцето. Калиумот помага во намалување на крвниот притисок, што му помага на целиот кардиоваскуларен систем, го спречува создавањето на згрутчување на крвта и го намалува ризикот од срцев удар.
Се верува дека крушите помагаат во намалување на крвниот притисок и холестеролот, а внесувањето доволно влакна во исхраната го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања, пишува „Eatingwell“.
- Го зајакнуваат имунитетот
Поради високата содржина на витамин Ц, јадењето круши ќе помогне и за зајакнување на имунолошкиот систем. Витаминот Ц го стимулира формирањето и активноста на белите крвни зрнца. Освен тоа, со помош на крушите многу полесно ќе се надминат настинките и другите проблеми поврзани со ослабен имунолошки систем.
Улогите што ги игра витаминот Ц во нашето тело се многу разновидни. Еден од нив е учество во регенерација на ткивата и клетките.