Ако сакате да бидете облечени како светски ѕвезди, дури и ако не сте купиле нова гардероба со години, следете ги овие совети
Ана Винтур, уредничката на модниот магазин „Вог“ е многу добро позната на сите во модниот свет. Таа е жена која секогаш и во секоја прилика изгледа фантастично, а тајната не е само во скапите и елегантни парчиња облека, туку и во нејзиниот сведен, а понекогаш толку смел стил.
Доколку сакате да изгледате како светски ѕвезди, а не сте од оние кои често одат на шопинг и ги следат сите модни трендови, советот на модната уредничка може да ви помогне да направите комбинација од работите кои ги имате во вашиот плакар така што ќе изгледате како да сте излегле од некоја од познатите милански модни писти.
Таа сподели со јавноста неколку трикови и правила во облекувањето, накитот, шминкањето, а ние ви ги претставуваме. Проверете, може да биде многу корисно.
Здолништата над колена се тотална утка
Кога некој ќе одлучи да носи здолниште, тоа е секогаш треба да биде здолниште чија должина е до или под коленото. Винтур најчесто претпочита да носи миди фустани, бидејќи тие зрачат со елеганција и стил.
Чизмите до колена се задолжителни
Омилениот избор на Ана Винтур секоја есен се кожените чизми до колена со масивна потпетица. Некогаш се обични, некогаш имаат дезени карактеристични за кожените чевли, но она што е секогаш исто е фактот што имаат дебела потпетица и што можат совршено да се комбинираат со сако, но и со капут.
Шарено е полн погодок
Стилот на Ана Винтур се карактеризира со многу бои. Таа сака смели, големи, принтови што привлекуваат внимание. Меѓутоа, ако бира шарено, секогаш се фустани кои имаат класичен крој без дополнителни детали. Таа ретко носи монохроматски парчиња, исклучок се палтата или наметките.
Црното секогаш оди со ефектни детали
Кога носи црна облека, Витур тоа го прави врз основа на текстурата на ткаенината. Овие текстури можат да бидат волна, кадифе или велур. Во исто време, додадете детали, како што се светло крзно, копчиња и други додатоци, за да го „разбиете“ црниот тон.
Ѓерданите се нејзината најголема страст
Освен колоритните комбинации, Ана секогаш носи ефектни ланчиња, кои за неа се вистинска инспирација. Таа смета дека е подобро да се откаже од еден пар чевли и да ја збогати својата гардероба со ефективен накит. Како што вели, ланчињата носат самодоверба кај жените.
Фризурата е нејзина лична карта
Винтур е одличен пример за тоа како една жена, откако ќе ја пронајде својата фризура, не гледа причина да ја промени. Ја гледаме со речиси иста фризура со децении – тоа е боб крој кој никогаш не излезе од мода, а веројатно нема да излезе во блиска иднина.
Единственото нешто што го промени со текот на времето беше бојата на косата, па од бринета стигна до слатка русокоса.