Познатиот холивудски актер Алек Болдвин се најде во центарот на скандал откако ја уби камерманката Халина Хачинс со пиштолот што го користеше за снимањето на филмот „Rust“.
Покрај тоа, неговата ќерка модел Ајрланд Болдвин исто така често е во центарот на медиумското внимание, која трпи разни провокации од оние што ги нарекува, „хејтери“.
Поради многуте критики упатени кон неа, а кои се однесуваат на нејзиниот животен стил, младата манекенка реши да и се обрати на јавноста.
– Моите родители многу ми помогнаа во животот. Ми го направија животот многу полесен отколку родителите на многу други луѓе, рече таа.
Но, како што изјавила, тие веќе немаат никакви обврски кон неа и секој си води свој живот. Како што вели, нејзиниот татко има уште деца и сопруга за издржување, а таа живее со своето момче и заедно се борат да имаат убав и удобен живот.
– Јас сум сопственик на компанија. Со дечко ми отвораме кафуле, вински бар и бутик – напишала таа.
По нејзината објава на Тик Ток, следеа низа негативни коментари, а еден од нив е дека е лесно да се биде успешен кога татко ти ќе ти ги отвори сите можни врати.
Бесната Ајрленд и на тоа имаше што да каже:
– Ништо не е полошо кога некој е роден во познато семејство и не успева. Мора да се признае дека тие врати му се отворени и дека ним им е полесно отколку на другите. Дефинитивно имате предност кога имате познати родители – одговорила на коментарот и додала:
– Не се вртам околу нив и чекам да ми дадат можност да правам работи. Јас сум своја личност, се занимавам со сопствениот живот. Знам дека е тешко да се прифати.
Да потсетиме, Алек Болдвин и Ким Бесинџер раскинаа во 2001 година, шест години по раѓањето на Ајрленд.