Доколку немате идеја што да подготвите за вечера, ви препорачуваме њоки
Состојки:
400 гр њоки
200 мл сок од домати
две црвени пиперки
главица кромид
две чешниња лук
морков
сол, бибер
магдонос
копар
масло
Подготовка:
Сварете ги њоките во топла, солена вода, исцедете ги, но не ги плакнете.
На врело масло пропржете го ситно исечканиот зеленчук.
Варете околу десет минути, а потоа додадете го сокот од домати и ситно сечканиот магдонос. Динстајте околу три минути, а потоа исцедените њоки ставете ги во смесата.
Зачинете сè со сол и бибер по вкус.
Украсете со копар и послужете.